Ердоган во Келн ќе ја отвори една од најголемите џамии во Европа

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во саботата во Келн ќе ја отвори една од најголемите џамии во Европа, што ќе биде последната етапа од неговата државника посеа на Германија со која е напревен чекор кон подобрување на долгогодишните лоши односи меѓу двете земји.

Турскиот челник ќе ја отвори џамијата чиешто градее започна во 2009 година, а го финансираше Унијата за турско-исламски односи, која тесно соработува со властите во Анкара. Градењето на овој објект го следеа контроверзии, меѓу кои и дека Унијата е „продолжена рака“ на владата на Ердоган кој во Германија поставува имами од Турција.

Првите верници во неа може да се молат во 2017 година, но официјално ќе биде инаугурирана во саботата од страна на турскиот претседател. Со минарето високо 55 метри и голам купола од 36 метри, оваа зграда од бетон и стакло претставува обид на архитектот да ја покаже отвореноста на една од најголемите џамии во Европа. Нејзината површина е 4.500 квадратни метри и може да прими илјада верници.

На инаугурацијата ќе бидат присутни и неколку политички челници од германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, меѓу кои и градоначалничката на Келн, Хенриета Рекер и челникот на регионалната влада.

Турскиот претседател од четвртокот престојува во Германија каде што се сретна со канцеларката Ангела Меркел и со претседатело Валтер Штајнмаер. Ердоган и Штајнамер разменија критики во текот на свечената вечера, а Меркел изјави на заедничката прес-конференција дека во двете земји постојат „добро вкоренети“ разлики.

На политичко ниво последните години имаше повеќе теми во кои дојде до несогласувње меѓу Анкара и Берлин, од неуспешниот обид за вон преврат од 15-ти јули 2016 година во Германија, кога Ердоган забележа дека Германија дала млака поддршка, по гласањето на резолуцијата во Бундестагот за геноцидот врз Ерменците во 1918 година што турската страна никогаш не го признава, па до апсења на германски државјани од труско потекло, меѓу кои и новинари, што беше инаку една од главните теми на разговорите меѓу Ердоган и Меркел. Исто така, Анкара го обвинува Берлин дека ги заштува припадниците на организациите коишто се третирани како терористички, како што се Работничката партија на курдистан (PKK) и движењето на исламистичкиот проповедник Фетула Ѓулен кој повеќе од две децении живее во доброволен егзил во САД, а е заколнат непријател на Ердоган кој го обвинува за организирање на неуспешниот пуч.

По Берлин, каде што во петокот протестираа неколку илјади Курди, во Келн се најавени два протеста на кои ќе присуствуваат припадници на ова малцинство во Германија, како и на претежно левичарски групации. За тоа се мобилизирани повеќе илјади полицајци, што е една од најголемите полициски операции во историјата на градот.