Ердоган воведува нови мерки поради порастот на заразени со коронавирус

30

Со Турција, за 24 часа се регистрирани 1 502 новозаразени со коронавирус, поради што Владата најави воведување нови мерки за запирање на ширењето на болеста.

Министерот за здравство Фахретин Коџа на Твитер објави дека починале уште 24 лица, со што вкупно досега во земјата има 6 163 смртни случаи од ковид-19.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган во претседателскиот декрет објавен синоќа, најави дека државните институции сега ќе можат да применат „флексибилни услови за работа“, како што е работа од дома.

Претходно, Министерството за внатрешни работи соопшти дека се забрануваат одредени собири, прослави и свадби.

Во 14 провинции, венчавките ќе можат да траат само еден час, при што забрането танцување и друга забава.

Турција, со над 83 милиони жители, досега има вкупно 261 194 заразени со коронавирус.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.