Ериксен во Интер до 2024-та

Milan, Italy, 27 January 2020. ANSA / MATTEO BAZZI

Моментално второпласираниот тим во италијанското фудбалско првенство, милански Интер во понеделникот го договори преминувањето на данскиот репрезентативен играч за врска, Кристијан Ериксен, од редовите на лондонски Тотенхем.

Дваесет и седумгодишниот Ериксен со Интер потпиша договор до летото 2024 година, а вредноста на трансферот се проценува на 20 милиони евра.

Доаѓањето на Ериксен се доживува во Интер како нови шанса дека уште оваа сезона може да се прекине доминацијата на Јувентус во Серија А, и да го освои првото „скудето“ по 2010 година.

По 21 коло, Интер кој последните три првенствени натпревари ги одигра со идентичен резултат 1:1, има 48 бодови, три помалку од водечкиот Јувентус, а два повеќе со меч повеќе од третопласираниот Лацио.