Ериксен во продолжението за победа на Тотенхем, Жезус му донесе победа на Сити

Откако во минатото коло го доживеаја првиот пораз сезонава во Премиер лигата, кога беа поразени на гостувањето кај Челзи со 0:2, фудбалерите на Манчестер Сити повторно победуваат и во саботата во 17-то коло го победија Евертон со 3:1, а Тотенхем многу потешко од очекуваното успеа да го оствари зацртаниот успех против Барнили.

На „Итихад“ брилјираше Бразилецот Габриел Жезус, кој постигна два погодока, во 22 и во 50 минута,а еден додаде Рахим Стерлинг во 69 минута. Но мечот можеше да има и поинаков тек, доколку напаѓачот на Евертон, Ричарлисон во 15 минута успеа да погоди од стопроцентната шанса. Гостите од Ливерпул сепак ја погодија домашната мрежа во 65 минута преку Калверт-Левин, но нивната радост и надежи дека може да изборат реми кај актуелниот англиски шампион беа брзо урнати.

Манчестер Сити повторно се врати на врвот со 44 бодови, но го следи Ливерпул со 42 бода и меч помалку. Евертон, пак, падна на осмото место и остана на 24 бодови.

Тотенхем одвај го доби Барнли со 1:0, а стрелец беше Кристиан Ерискен во првата минута од судиското продолжение. Тотенхем собра 39 бодови во 17-те кола, и е на третата позиција на табелата пет повеќе од четвртиот Челзи и петтиот Арсенал кои имаат меч помалку. Барнли и натаму е во опасната зона на испаѓање, на 17-то место со 12 бодови.

Вулверхемптон со совлада со 2:0 Борнмут, стрелци беа Хименез во 12 и Иван Квалеиро во четвртата минута од судиското продолжение, впишувајќи ја третата последователна победа, со која ја продолжија серијата добри резултати, во кои не беа поразени од Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и од Арсенал со кои играа идентични 1:1, а го совладаа Челзи со 2:1. Вулверхемптон се искачи на седмото место со 25 бодови, каде ќе го пречека следното коло, додека Борнмут е десетти со 23 бодови.

Њукасл Јунајтед со голот на Рондон во 55 минути забележа гостинска победа кај Хадерсфилд. Домашните се во зоната на испаѓање со 10 бодови, додека Њукасл собра 16 бодови и се искачи на 14-то место.

Кристал Палас со голот на Миливојевиќ во 39 минута го совладаа Лестер, и стаса до петнаесеттата позиција на табелата со исто толку бодови, додека гостите се 11-ти со 22 бодови.

Вотфорд имаше сигурно водство до 3:0 дома против Кардиф Сити, но во последните десет минути стравуваше дали ќе ја одбрани веќе прославената победа. За домашните стрелци беа Делофеу во 16, Холебас во 52 и Квина во 68 минута, но гостите за две минути преку Хоале во 80 и Рејд во 82 минута ја вратија не извесноста, но не успеаја до крајот да израмнат. Вотфорд е деветти со 24 бодови, а Кардиф 16-ти со 14 бодови.

Во последниот саботен меч, во малото лондонско дерби Вест Хем Јунајтед како гостин со головите на Снодграс во 17 и Антонио во 29 минута го победи Фулам кој останува закован на дното со само девет бодови. Вест Хем, пак, собра 24 бодови кои го доведоа до деветтото место во Премиер лигата.

Во недела ќе се игра најголемото дерби во англискиот фудбал, меѓу најтрофејните клубови во историјата но кои последните години се далеку од првите позиции, Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.