Ќерка на пратеничка половина година прима плата од Фондот за иновации, иако мајка ѝ тврди дека волонтира

Ќерка на пратеничка шест месеци прима плата од Фондот за иновации иако мајка ѝ тврди дека ќерка и нема никаков договор со оваа институција, објавува А1он.

И покај тоа што Фондот за иновации, по острите критики во јавноста, на почетокот на годинава демантира дека ќерката на пратеничката е вработена кај нив, од јули, сепак, почнале да ѝ даваат плата.

Ќерката на пратеничката за половина година добила 150 илјади денари, односно имала по 25 илјади денари месечна плата.

Сара Александрова, ќерка на одметнатата пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Александрова, која гласаше за промена на уставнот име, беше вработена во Фондот за иновации пред повеќе од половина година.

Целиот текст со сите детали прочитајте го на А1он.