Ќерката на Горан Бреговиќ за несреќата: За малку ќе ја изгубев раката (ФОТО)

Уметничката Ема Бреговиќ, ќерка на музичарот Горан Бреговиќ, во интервју за магазинот „Хелоу“, се присетила на една несреќа што ја доживеала во текот на школувањето.

– Додека студирав на Факултетот за ликовни уметности, доживеав многу драматична несреќа, машина ми го повлече ракавот. За малку ќе ја изгубев раката. Денес не работам сама, опкружена сум со стручни луѓе. Имам уште повеќе работи да научам, а засега машината ја гледам од далеку – изјавила Ема за„ Хелоу “ и додала дека семејството ѝ е голема поддршка во нејзината одлука да се занимава со вајарство.

Ема неодамна ја отворила изложбата „Не грижи се“ во Белград, на која ги претставила делата создадени во последните неколку години.

– Моите родители секогаш ме поддржуваа во моите одлуки, иако мислам дека ништо од она што го сакав не беше изненадувачки за нив – изјавила таа за српските медиуми.

Ема е родена во Париз, во 1994 година, а живее и твори во Белград и Париз.

Освен Ема, Горан Бреговиќ со поранешната манекенка Џенана ги доби и ќерките Уна и Лула, а пред бракот со Јасенка, непозната за јавноста, ја добил ќерката Жељка.

ФОТО: Инстаграм/Јутјуб

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.