Ќерката на Лане: Не сум спремна за ова, се зборовите на Милица која тргна по неговите стапки, а ќе ве наежат (ФОТО)

Легендарниот српски актер Милан Лане Гутовиќ нè напушти на 75 -годишна возраст по кратко боледување. Почина на Военомедицинската академија, на Одделот за интензивна нега, а веста за неговата смрт ја објави неговиот син.

Потоа се огласи и ќерката на актерот, Милица Гутовиќ, која се прости од својот татко на Фејсбук.

„Татко ми, Милан Гутовиќ, почина денес. Не сум спремна за ова! Немам зборови соодветни за овој момент. Никогаш не можеме да бидеме подготвени за некои загуби. Почивај во мир”, напиша ќерката на славниот актер.

Лане инаку со неговата прва сопруга за која никогаш не зборуваше јавно ја доби ќерката Милица која тргна по неговите стапки.