Ќерката на Пеле објави потресна слика: Помина уште една ноќ (ФОТО)

Ќерката на бразилската фудбалска легенда Пеле доцна синоќа на Инстаграм објави трогателна фотографија од нејзиниот татко во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло.

„Продолжуваме да бидеме тука, во борба и верба. Уште една ноќ заедно“, напиша Кели Насименто.

Нејзините зборови беа придружени со фотографија на која се гледа како таа го гушка татко ѝ додека тој лежи на болнички кревет. На фотографијата може да се види и внуката на Пеле, Софија.