Ќерката на Пол Вокер сподели видео од татко си

Ќерката на ѕвездата од филмот „Брзи и бесни“ Пол Вокер, Медоу објави видео од својот татко на нејзиниот инстаграм профил.

На видеото се гледа како Вокер се смее и и кажува на Медоу дека го преплашила, а потоа следи силна прегратка.Снимката за неколку часа беше прегледана од повеќе од милион корисници на инстаграм.

Американскиот актер, Пол Вокер загина на 1 декември 2013 година во тешка сообраќајна несреќа во Калифорнија.

https://www.instagram.com/p/B-sc2HNj0mn/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading

Возачот изгубил контрола над автомобилот, кој слетал од патот и се забил во столб и потоа се запалил и експлодирал.