Ќерката на Стивен Спилберг сака да снима порно-филмови

Ќeрката на Стивен Спилберг вели дека сама снимила видео за возрасни и дека сака да стане сексуална работничка во новото интервју за британски „Сан“.

Микаела Спилберг, едно од седумте деца на славниот режисер, започнала со самостојна продукција на порно-филмови на 23-годишна возраст, изјавила таа за „Сан“.

Ќерката на Спилберг, која живее во Нешвил, Тенеси, веќе поднела барање да стане сексуален работник, а самопрогласеното „сексуално суштество“ во интервјуто открила дека нејзиниот славен татко ја поддржува во нејзините настојувања.

Таа додала дека Стивен и нејзината мајка Кејт Капшоу биле „заинтригирани“ кога минатиот викенд им рекла за нејзината нова професија. Таа додала дека нејзините родители не биле „вознемирени“ од нејзиното откритие.

Михаела, меѓу другото, изјавила и дека снимањето на самостојно порно-видео ја натерало да се чувствува задоволно откако се борела со години со ментални заболувања и алкохолизам.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.