Ќерката на Здравко Чолиќ стана вистинска убавица и првлекува големо внимание

Здравко Чолиќ е можеби најголемото име во естрадата на поранешна Југославија. Тој својот приватен живот успеа да го заштити од јавноста, водејќи го мирно и повлечено без скандали.

Она што се знае за него е дека од бракот со сопругата Александра има две ќерки, Уна и Лара. Уна порасна во вистинска убавица, а привлече големо внимание на социјалните мрежи.

Она што е малку познато во јавноста е дека Уна има две имиња. Кога сопругата на пејачот го родила првото девојче во семејството Чолиќ, среќните родители решиле да ѝ дадат две имиња, па целосното име ѝ е Уна Ѕвездана.

Уна редовно ги споделува своите фотографии во различни изданија на социјалната мрежа „Инстаграм“ со следбениците.

Таа потекнува од познато семејство, но засега не сака да се експонира во јавноста, туку само преку социјалните мрежи можете да видите како изгледа нејзиниот живот. Уна има дваесет години и учи, а секој слободен момент го користи за да ужива во дружењето со другарките и егзотични патувања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.