Ерменија ќе го признае Карабах ако Баку не сака дијалог

Ереван ќе ја признае независноста на Нагорно Карабах ако стане јасно дека Баку, кој е поддржан од Турција, нема да започне преговори, рекол претседателот на Ерменија, Армен Саркисјан.

Сарксијан објасни дека Ерменија некогаш го „суспендирала“ процесот на признавање на независноста на Карабах за да не го „комплицира“ процесот на преговори за решавање на ситуацијата.

„То ест, ерменското непризнавање на независноста е поврзано само со фактот дека ерменската страна сака да го реши тоа прашање преку мирни преговори. Тоа е тунел. А, ако има светло на крајот од овој тунел – светло на конечното мирно решение на проблемот Нагорно-Карабах, тогаш можеме да почекаме уште малку. А, ако нема светло, то ест, ако е јасно дека Азербејџан, со поддршка на Турција, нема да започне преговори на кој било начин, тогаш, се разбира, Ерменија ќе ја признае независноста на Карабах … Јас навистина би сакал светлото на крајот од тунелот да не се изгаси“, рекол Саркисјан во интервју за весникот „Комерсант“.

Ерменскиот претседател истакнал дека Ереван се противи на реформата на преговарачкиот формат за решавање на ситуацијата во Нагорно Карабах, па дури и на вклучувањето на Турција како посредник.

„Таа (Турција) отворено го поддржува Азербејџан, тоа го прави многу грубо и, во принцип, веќе е страна во конфликтот. Ние мора да преговараме со Турција како страна во конфликтот, а не како посредник. Турската армија и нивната опрема учествуваат во овие операции (азербејџанска армија). Турски беспилотни летала работат на планините секој ден. Турските воени авиони летаат секој ден“, изјавил Саркисјан.

Тој додал дека Ерменија, на ниво на Министерства за одбрана и надворешни работи, го прашала НАТО дали Алијансата дала согласност за употреба на своето оружје во Нагорно Карабах.

„Треба да добиеме објаснување дали раководството на алијансата ѝ дали зелено светло на Турција да го направи она што го прави сега. Не станува збор само за Ф-16 (Ереван тврди дека овој ловец соборил ерменски авион Су-25). Главниот турски дрон – „Бајрактар“ – се користи интензивно секој ден, не само на фронтот, туку и против цивилите. Тоа е производ на НАТО – неговите индивидуални елементи се направени во различни земји на НАТО, од Австрија до Канада“, објаснил Саркисјан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.