Ерменија и Азербејџан најавија хуманитарно примирје, настапува од полноќ

Ерменија и Азербејџан најавија ткн хуманитарен прекин на огнот кој ќе започне од саботата на полноч, соопштија министерствата за надворешни работи на двете завојувани земји на јужен Кавказ.

„Република Ерменија и Република Азербејџан договорила хуманитано примирје од 18-ти октомври“, соопшти ерменското министерство за надворешни работи, а азербејџанското потврди со идентична изјава.

Азербејџан извести дека 13 цивили се убиени и уште 40 се ранети во ракетен напад врз градот Ганја, додека Ерменија ја обвини азербејџанската војска за продолжени гранатирања врз цивилни цели во областа Нагорно Карабах. Еревена, исто така, обвини дека неколку дронови на Азербејџан, за кои смета дека се на турската војска, нападнале воени инсталаци и нанеле намерни штети врз цивилната инфраструктура.

Во најновите ерменско-азербејџански судири кои започнаа на 27-ми септември, досега се пријавени стотици загинати на двете страни, додека во саботата меѓусебно се обвинуваа за нови кршења на примрјето кое минатата седмица беше договорено со посредство на Русија и кое овозможи размена на заробениците и на телата на загинатите.

Ова се најлошите судири во регионот откако силите на Азербејџан и силите на етничките Ерменци завојуваа во 1988 година поради областа Нагорно Карабах, која во времето на Советскиот сојуз административно е просоединета на Азербејџан, но пред распадот на комунизмот тамошното доминантно ерменско население прогласи независност која не е меѓународно признаена до денеска.