Ерменија и Азербејџан водат жестока војна, пропадна американскиот план

Шансите за крај на едномесечното крвопролевање во планинската енклава Нагорно Карабах се чини се слаби ,откако Азербејџанците и Ерменците ги продолжија борбите пред разговорите во Вашингтон.

Планот на американскиот државен секретар Мајк Помпео утре да се состане со азербејџанските и ерменските министри за надворешни работи ја зголеми надежта дека двете поранешни советски републики ќе се договорат и ќе стават крај на најжестоките борби од средината на 90-тите години на минатиот век.

Но, овие надежи се уништени од продолжувањето на конфликтот во и околу Нагорно Карабах, територија што е во рамките на Азербејџан, но контролирана од Ерменците и од жестоката реторика од двете страни.

Стотици луѓе загинаа од избувнувањето на борбите на 27-ми септември, што предизвика страв од поширока војна меѓу Турција и Русија и загриженост за безбедноста на цевководите и нафтоводите кои пренесуваат азербејџански гас и нафта на светскиот пазар.

Ерменскиот премиер Никола Пашинијан вчера рече дека во овој момент не гледа дипломатско решение за долготрајниот конфликт.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев денеска за весникот Никеи изјави дека изгледите за мир се „многу мали“.