Ерменија објави за напади на турската авијација во Нагорно Карабах

Портпаролот на ерменското министерство за одбрана, Артсрун Ховинисјан, во средата обвини дека Азербејџан изведува воздушни нападо северно од ткн „линија на контактот“ во непризнаената република Нагорно Карабах, користејќи турски беспилотни летала и борбени авиони „F-16“ на турското воено воздухопловство.

„Азербејџан изведува воздушни удари во северниот правец на линијата на контактот. Се користат беспилотни летала, полетаа повеќенаменски ловци ‘F-16’ на турското воено воздихопловство.. Непријателот дејствува од далеку, без да навлез во зоната на дејствување на противвоздушните одбранбени системи“, напиша Овинисјан на Facebook.

И во вторникот имаше меѓусебни обвинувања меѓу Ереван и Анкара за вмешување во судирот во Нагорно Карабах, при што ерменската страна ја обвини турската дека префрлувала милитанти од Сирија во Азербејџан и дека нападот бил планиран и изведуван со помош на турските воздухоловни сили кои претходно биле стациониран на азербејџанска територија под изговор за наводни маневри.

Портпаролот на владејачката турска Партија на правото и развојот (AKP), Омар Челик, пак, изјави дека Ерменија во вооружениот конфликт во Нагорно Карабах користи странски платеници, кои се поврзани со забранетотата Работничка партија на Курдистан (PKK).

Во средата, исто така, беше објавено дека ерменскиот премиер Никол Пашинијан во текот на брифингот со руските медиуми рекол дека во врска со сегашната воена состојба, ерменските власти ја разгледуваат можноста за признавање на самопрогласената независност на Нагорно Карабах, како и дека Ереван се стреми кон воспоставвуање на долгорочна стабилност во регионот на јужен Кавказ.

„Имаме цел да воспоставиме долгорочен мир и стабилност во регионо. Не сакаме ваквата ситуација да се повтори за две или три години. Но Ерменија никогаш нема да дејствува на штете на своите национални интереси и интересите на Нагорно Карабах“, рекол ерменскиот премиер.

Според Пашинијан, Ерменија ќе ја осигура сопствената безбедност и без регионалната организација за колективна безбедност.

„Дускусијата за учество на организацијата е политичко прашање. Тесно соработуваме со нашите партнери во организацијата, ги информираме за моменталната ситуација. Сепак, Ерменија е подготвена да ја брани својата безбедност и без учество на организацијата“, рекол Пашинијан.

Претходно портпаролот на регионалната организација, за агенцијата ТАСС рекол дека Ерменија сѐ уште не поднела барање во врска со ескалацијата на конфликотот, истовремено повикувајќи на мирно решение.

Пашинијан, исто така, рекол дека Ерменија е подготвена да биде домаќин на меѓувладиниот сосвет на земјите членки на Евроазискиот економски совет во Ереван на 9-ти октомври.

Ситуацијата во Нагорно Карабах ескалираше во неделата, 27-ми септември, кога започнаа судири на силите на спорната област и азербејџанската војска. И Ерменија и Азербејџан воведоа воена состојба и мобилизација. Двете страни пријавија десетици загинати и ранети, меѓу кои и цивили. Владата во Баку објави дека заземала неколку стратешки позиции и села во Карабах, додека Ереван ги негира таквите извештаи и соопшти дека е гранатирана и ерменската територија.

Многу држави во светот, во прв ред САД, Франција и Русија ги повикаа конфронтираните страни на воздржаност, додека Турција соопшти дека ќе му обезбеди секаква помош на својот сојузник Азербејџан која оваа земја ја бара во врска со влошувањето на ситуацијата во Нагорно Карабах.