Ерменија тврди дека има докази за присуство на турски специјалци во Нагорно Карабах

Ереван поседува докази за учествo на турски воени специјалци во борбите во спорната кавкаска област Нагорно Карабах, изјавиле во неделата од државното обвинителство на Ерменија за агенцијата РИА.

Од почетокот на последниот крвав судир меѓу отцепената доминантно ерменска област Нагорно Карабах зад која стои Ерменија и Азербејџан и во кој досега загинале според непотврдени информации илјадници луѓе, Турција отворено застана за азербејџанската страна, но постојано негира дека нејзините сили се вклучени во конфликтот. Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во интервју за американската телевизиска мрежа Fox изјави дека нема никакви докази за воена поддршка од страна на Турција. Спроед него, Анкара му помага на Баку само политички.

Меѓутоа, од самиот почеток на судирите на 27-ми септември, Ерменија ја обвинува Турција за воено мешање во судирите во Нагорно Карабах. Сега државното обвинителство во Ереван тврди дека припадници на специјалните сили на турската војска уште во август 2020 година изведувале интензивна борбена обука на азербејџанскиет војници.

Според Канцеларијата на јавниот обвинител на Ерменија, азербејџанската армија објавила повик резервистите да се јават во единиците на 3-ти септември, а до 21-ви септември војските биле дислоцирани на линијата на раздвојувањето во Нагорно Карабах договорена со примирјето со кое беше запрен конфликтот во 1994 година во кој загинаа близу 30.000 луѓе на двете страни. Ноќта на 27-ми септември, како што тврди ерменската страна, командата на азербејџанската армија наредила офанзива на борбените позиции на Арачах, како што се нарекува Нагорно Карабах, во сите правци и со употреба на сите видови оружје.

Во изветшајот на обвинителството, исто така, се посочува дека од средината на септември во густонаселените азербејаџански населби и мали места армијата распоредила артилериски батерии, коишто според Ереван, ги изведувале подоцнежните гранатирања во енклавата.

Истовремено, ерменскиот премирот Никол Пашинјан на средбата со француските парламентарци во Еревен изјави дека азербејџанскиот претседател Илхам Алиев „контролира смао теретина“ од борбените дејствија во Нагорно Карабах.

„Тоа е затоа што во овие борбени дејствија се вклучени турски војници, терористи и платеници, кои се контролирани од турски офицери кои се наоѓаат во самиот Азербејџан“, додал Пашинјан.

Според ерменискиот премиер, ваквиот сооднос на силите претстанува „многу важна нијанса“.