Ерменскиот премиер го прати својот син во војна

Сопругата на премиерот на Ерменија, Ана Хакобиан, рекла дека нема ништо поплеменито од тоа да се даде животот за татковината. Тоа го кажала во разговор со жените пратенички од Нагорно-Карабах, каде отишла на 27-ми септември.

Ерменскиот народ се наоѓа пред историска пресвртница за ерменскиот народ, и ние можеме да се потпреме само на себе, нагласила таа. Ана Хакобиан ги повикала сите мајки и жени, ќерки и сестри да бидат силни и да не се плашат од ништо, пишува „Sputnik“.

Пред патот во Карабах, сопругот Никол Пашинјан и кажал дека нивниот единствен син Ашот оди во Карабах, бидејќи е резервист. Ашот ги подготвил документите, а неговата мајка не го сопрела, напротив.

– Му кажав: „Да сине, облечи униформа и оди. Јас те обожувам, но нема ништо поплеменито од тоа да се даде животот за татковината“. Не знаев каква ќе биде ситуацијата таму, дали ќе може да се слушнеме. Тој отиде ден подоцна, но јас и натаму стојам зад своите зборови – напишала Хакобиан на Фејсбук.