Ерохин стана првиот играч во историјата кој влезе како четврта замена

Рускиот репрезентативец Александр Ерохин стана првиот фудбалер кој влезе како четврта замена на светските првенства кога во 97 минута од осминафиналниот натпревар против Шпанија во Мосвка го замени Далер Кузјаев.

На ива светско првенство селекторите првпат имаат можност, доколку натпреварот продолжи во дополнителните 30 минути, да ја направат и четвртата измена, а рускиот тренер Станислав Черчесов ја искористи таа прилика пред шпанскиот колега Фернандо Иеро. Само седум минути по Ерохин, во игра влезе и шпанскиот напаѓач Родриго кој го замени Асенсио а во 109 минута ја имаше практично најголемата шанса на мечот, но неговиот удар откосо го одбрани јунакот на дуелот рускиот голман Игор Акинфеев.

Првиот осминафинален дуел во неделата заврши со 1:1 и по 120 минути игра, со резултат постигнат уште во првото полувреме. Во пенал рулетот Акинфеев одбрани два удара од белата точка со што Русија се пласираше во четврфиналето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.