Ерол Ризаов ги задоволи Грците: Македонија била диктатура без слободни медиуми!?

Во Македонија  владеела диктатура и затоа немало слобода на медиуми, тврдат дел од грчките медиуми повикувајќи се на интервјуто на колумнистот на „Утрински Весник“, Ерол Ризаов, дадено за телевизијата „24 вести“, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.

rizaov„Ерол Ризаов, политички аналитичар и уредник во весникот Утрински Весник од Скопје, во интервју за каналот 24 вести, со драматични тонови зборува за ситуацијата со медиумите во Скопје, опишувајќи ги концептите на слободен печат и слободна мисла како социјална загуба во времето на диктаторскиот режим кој што владее во земјата”, пишува порталот Дифенс Нет.

„Ризаов слободно и без страв ги пренесува своите ставови за диктатурата во земјата, која што ги избриша сите елементи кои што се карактеристика на едно слободно општество”, се вели во текстот на порталот Њузбомб. Грчкиот портал го цитира Ризаов кој што изјави дека Македонија денеска била во ужасна позиција и дека сме биле соочени со диктаторски режим.

Ризаов уште еднаш го реафирмираше добро познатиот парадокс на македонскиот опозициски блок.

Новинар чии про-опозициски колумни слободно излегуваат во печат и кој што без никакви препреки ги искажува своите анти-владини ставови во интервју за македонска телевизија, тврди дека во Македонија нема слободни медиуми.

Од ваквите дезинформации пласирани од опозициските и про-опозициските елементи во Македонија, корист секогаш има единствено јужниот сосед, во обидот да се урне македонскиот кредибилитет и углед во рамките на меѓународните организации каде што Грција нелегално не блокира. Ризаов, кој што во своите колумни меѓудругото порачуваше и дека античкиот македонизам бил болест, добитник е на новинарската награда Жан Моне што ја доделува делегацијата на Европската Унија во Македонија.

rizaov 2

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.