Ерупција на вулканот Фуего во Гватемала, евакуирани 4.000 жители

Поради новата ерупција на на вулканот Фуего во Гватемала во понеделникот евакуирани се речиси четири илјади жители од околните села, бидејќи се стравува од катастрофа слична на онаа во јуни во која 194 лица смртно настрадаа а 234 се’ уште се водат како исчезнати.

Станува збор за петта ерупција годинава на вулканот Фуего, висок 3.763 метри а 35 јилометри југозападно од главниот град на Гватемала, а почна во неделата утрото по локално време.

Властите прогласија „црвена“ тревога и евакуирале 3.925 жители од околните села, изјави Валтер Монрој, заменик директор на Националнта координација за кризни ситуации. Повеќе од 2.000 се сместени во четири засолништа кои ги организирале властите, додека другите кај семејства и пријатели, прецизираше.

Вулканот исфрал пепел на повеќе од илјади метри во воздух над кратерот и се очекува пепелта да падне и врз туристичкиот град Антигва, проценува Националниот институт за вулканологија на Гватемала. Активноста Фуего е оценета меѓу „висока“ и „многу висока“, рече директорот на Институтот, Хуан Пабло Олива. Не се зане колку би можела да трае ерупциајта, а претходната праеше четири дена, од 6-ти до 9-ти ноември.