Еруптира и вулкан во Индонезија

Властите на Индонезија издадoa предупредување до авионите поради вулканската пепел во воздухот како резултат на ерупција на вулканот Сопутан на Сулавези, само неколку дена по катастрофалниот земјотрес и цунамито на островот.

Вулканот во Сулавези еруптирал утринава и исфрла пепел до висина од 6.000 метри висина. Досега не е наредена евакуација на населението, објави АП.

Вулканолозите сметаат дека ерупцијата најверојатно била предизвикана од земјотрес што го погоди овој остров во петокот, но директната врска допрва треба да се докаже со оглед на зголемената активност на Сопутан.

Вулканот се наоѓа во северниот дел на островот, околу 600 километри североисточно од Палу, но нема извештаи за иможните жртви или материјална штета.
Повеќе од 65.000 куќи беа уништени во земјотресот, а повеќе од 60.000 луѓе имаат потреба од помош.

Се стравува дек бројот на загинат во цунамито е поголем од досега евидентирани 1.200 лица.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.