Еруптираше индонезискиот вулкан Анак Кракатау

Вулканот Анак Кракатоa (или Кракатау на индонезиски), на западот на Индонезија, во вторникот започна да исфрла големи облаци од вулкански пепел на височина од 2.500 метри.

Регистрирани се четири ерупции, според локалната служба за вонредни состојби, а втората според моќноста исфрлила облак од пепел и чад на височина од 1.500 метри над кратерот.

Во 2018 година кратерот на Анак Кракатау (детето на Кракатау) делумно се урна кога силната ерупција исфрли големи вулкански карпи во океанот, што предизвика смртоносно цунами. Повеќе од 400 луѓе тогаш ги загубија животите, а стотици беа повредени.

По ерупцијата во вторникот засега нема пријави за штети и настрадани луѓе.

Анак Кракатау, кој е во висина на теснецот кој ги разделува островите Јава и Суматра, спорадично е активен откако на почетокот од XX век излезе од морето во калдерата формирана по смртоносната ерупција на Кракатау во 1883 година, која според процените предизвикала смрт на околу 35.000 луѓе.

Индонезија се наоѓа во ткн „Пацифички огнен прстен“, каде што спојувањата на континенталните плочи предизвикуваат зголемена сеизмичка и вулканска активност. Во оваа земја има речиси 130 активни вулкани.