Ерусалим пост: Турција и Катар се главните поддржувачи на Хамас, ИСИЛ и фронтот Ал Нусра

Откако битките започнале да се водат интензивно на земја во четвртокот навечер, светот почна да добива јасната слика за тоа колку е опасен Хамас, особено во последните 9 години.

И сега е јасно дека мора да се најде решение за проблемот, затоа што во никој случај не смее да се дозволи истиот да прерасне во нешто поголемо, пишува Каролин Б. Глик автор на книгата „ The Israeli Solution: A One-State Plan for Peace in the Middle East“.
Било јасно дека со години наназад биле користени тунели кои на Хамас му служеле како основна логистичка инфраструктура.

Причината поради која се граделе и користеле тие тунели била првенствено за да се инфилтраат терористи во Израел кои ги извршувале масакрите. Но, истотака служеле и за останти цели, многу пострашни и погрозоморни. Имено, во тунелите биле пронајдени бомби кои биле поставени веднаш под градинки! Доколку истите биле испалени, градинките би се дигнале во воздух заедно со сите деца во нив.

Како член на муслиманското братсво, Хамас не „стои сам“ како група која извршува терористички напади. Хамас е дел од една поголема мрежа на терористички организации кои ја вклучуваат и Ал Каеда и нивните ограноци како што се Шиитите во Хезболах. Како и Хамас и тие им се закануваат на неколку големи држави населени од Сунити.

Најголемите спонзори на Хамас се Катар и Турција, наведува Каролин во својата колумна за Ерусалим пост.

Еден израелски весници неделава објавил дека Катар е најголемиот и најзначајниот финансиер на Хамас, а воедно државата игра голема улога и во финансирањето на ИСИС, ал Нусра, Муслиманското братство како и групите на џихадисти во Либија.

Турција од друга страна е поврзана со финансирањето на Муслиманското братство. Како и Катар, така и Турција е голем поддржувач на ИСИС како и на Хамас. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во последниве неколку недели бил толку гласен против Израел, што Нетањаху го обвини за антисемитизам.

Со оглед на тоа што Турција е членка на НАТО како и гламурот кој го презентира кралското семејство од Катар, голем број на западни земји најпрвин не верувале дека е можно тие да финансираат теросристички групи. Но, тоа е вистината, пишува Каролин.

Турција и Катар играат голема улога кога станува збор за спонзорирањето на тероризмот.

Играјки двојна игра, Турција испраќа свои амбасадори во Брисел на состаноците на НАТО, додека Ердоган истовремено се обединува со „семејство“ кои ги спонзорира Хамас, ИСИЛ, ал Нусра и други терористички групи.

Кога станува збор за Катар, кој се претставува како најголем сојузник на САД во светот на муслиманите, емиратите даваат милиони долари за американските университети да отворат свои кампуси во Доха, па се претставува како прогресивно и отворено општетсво. Истовремено, според извештајот Calacalist, Катар е најголемиот финансиер на ИСИС и на ал Нустра во Сирија и Ирак. Тие им даваат 50 милиони долари месечно на џихадистите во Либија.

Во изминативе две години Доха му обезбедила на Хамас 620 милиони долари, вклучувајќи ги и 250 милиони кои му биле префрлени на лидерот на Хамас, Кахед Машаал, како и 350 милиони долари за воени цели на Хамас.

На тоа, како што пишува таа, треба да се допресметаат и додатните 100 милиони долари кои Катар им ги префрла на Ал Џезеира, кои се имаат посветено на поткопување на про-западните арапски режими наспроти популаризацијата на Ал Каеда и Хамас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.