Есер Џевахир стана почесен конзул на Македонија во Турција

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за време на посетата на Турција му ја врачи егзекватурата на Есер Џевахир, новоименуваниот почесен конзул на Република Македонија во Турција, со јурисдикционо подрачје за областите на Едрене, К’ркларели и Текирдаг, а со седиште во Едрене.

Како што соопштија од МНР, честитајќи му ја новата, престижна и одговорна позиција на Џевахир, министерот Османи истакнал дека очекува продлабочување на економската соработка меѓу Македонија и Турција, како и на можностите за привлекување нови странски инвестиции.

-Важно во Вашиот мандат ќе биде претставувањето на Република Македонија во сите сфери од заеднички интерес, во кои постои можност за интензивирање на постоечките врски и соработки. Република Турција е земја со голем потенцијал, кој може да се искористи за развој на билатералните односи – истакнал Османи.