Ешли Кол ќе игра за новиот шампион на Англија

Сега веќе поранешниот фудбалер на Челзи и поранешен репрезентативец на Англија, Ешли Кол, најверојатно во новата клупска сезона ќе го носи дресот на најбогатиот клуб на Островот и нов шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити.

Познатиот таблоид на Островот, “Дејли Меил”, пред неколку часа ја пласираше сензационалната информација дека агентот на Кол остварил контакт со раководните лица на Манчестер Сити и за време на истиот било договорено офанзивниот лев бек да потпише 2-годишен договор со популарните “граѓани”, а таквиот договор му гарантира и неделна заработувачка од 100 илјади фунти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.