Ешли Кол се врати во Челзи

Поранешниот англиски репрезентативец, Ешли Кол се врати во Челзи и се приклучи на тренерскиот штаб на неговиот добар пријател Франк Лампард. Тој ќе работи со 15-годишни фудбалери на почетокот.

Потсетуваме дека Ешли објави крајот на кариерата во септември на 38-годишна возраст. Целта за Кол ќе биде да ги развие младите таленти на младинската екипа на 15-годишна возраст и да пронајде потенцијални замени за првиот тим на „сините“.

Треба да бидете врвен играч за да играте во Челзи, затоа тие сакаат екс-играчи како нас да се обидат да и помогнат на следната генерација и да им дадеме насоки, самодоверба и храброст, откри Кол во својата прва изјава како тренер во тимот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.