Ештон повика на итен прекин на насилството во Украина

47

Високата претставничка на Европската унија за прашањата на надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон повика на итен прекин на ескалацијата на насилство во Украина, по извештаите за првите смртни случаи за време на проевропските протести, пренесе „АФП“.

„Силно ја осудувам ескалацијата на насилството во Киев во текот на изминатата ноќ, што доведе до жртви. Сите акти на насилство треба да бидат веднаш отстранети и целосна истражени“, изјавила Ештон во соопштението .

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.