Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Кетрин Ештон пристигна во Киев, пренесе „АФП“.
Таа го посети местото на една од барикадите, каде учесници во антивладините движења беа застрелани од полицајци снајперисти.
Ештон ќе оствари средби со главните фигури од новата власт на Украина по викендот исполнет со драматични настани кои доведоа до соборување од власт на претседателот Виктор Јанукович и негово бегство од земјата.
Таа ќе разговара и за помошта која ЕУ може да и ја понуди на земјата за решавање на политичката криза и потребните мерки за стабилизирање на економската ситуација.