Ештон загрижена за состојбата во Киев

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон објави соопштение во кое се наведува дека е преплашена од извештаите за судбината на украинскиот опозиционер Дмитро Булатов, што денеска беше пронајден жив, но со видливи траги на своето тело од брутално мачење, пренесоа агенциите.

„Други, како Јури Вербицки, платија со живот затоа што ги бранат граѓанските права. Ова се само два од најзначајните примери за намерните акции против организаторите на мирните протести“, додава таа .

Според Ештон секакви слични активности се неприфатливи и мора веднаш да бидат прекинати,а одговорноста за донесувањето на соодветните мерки за смирување на ситуацијата е во рацете на властите во Киев.