Ескалација на коронавирусот во Ирска

Ирска бележи „значителна ескалација“ на случаите на зараза со новиот коронавирус, извести вршителот на должноста главен епидемиолог во земјата, откако го забележа најголемиот дневен број смртни случаи од мај и третиот највисок дневен број новозаражени од почетокот на епидемијата.

Како и повеќето европски земји, Ирска бележи постојан раст на бројот на новозаразените од крајот на јули, и во согласноста со ситуацијата ги заострува ограничувањата. Тие вклучуваат забрана за консумирање храна во рестораните и забрана за повеќе патувања надвор од главниот град Даблин и во него.

Во сабота во Ирска се регистрирани 613 нови случаи на коронавирусот, што е најголем дневен раст од крајот на април кога целата земја беше во потполн карантин.

Од последиците на Covid-19 починале уште десет лица, па вкупниот број смртни случаи поврзани со коронавирусот изнесива 1.810 смртни исходи.

Ирска последните две седмици пријави малку повеќе од стотина случаи на зараза на 100.000 жители, што е 16-та највисока стапка на инфекција со SARS-CoV-2 меѓу 31 европска држава, за што евиденција води Европскиот центар за контрола на болестите.