Ескобар: Националистичките партии се најкорумпирани – Северна Македонија е пример како се справи со поднесувањето на ЕУ кандидатурата

Заменик помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар смета дека сите земји од Западен Балкан се свесни дека иднината им е во Европската Унија.

Во интервју за Атлантскиот совет Ескобар зборува дека Македонија е пример за тоа како се справила со сите предизвици, мислејќи на бугарското вето и барањата кои ги има Бугарија да се отвори уставот.

-Македонија со кандидатурата е пример во регионот. Секогаш истакнувам дека во регион во кој има предизвици, интер и мултиетнички релации и мултиетничко управување,  Македонија се истакнува како многу добар пример како мултиетничка граѓанска држава и служи како добар пример за другите држави кои се соочуваат со истите прашања. Дополнително, тие сторија се, ги исполнија сите реформи, за да се отвори првата врата од пристапните преговори. Затоа, верувам дека оваа влада има волја, дека луѓето од Македонија го имаат капацитетот за да го сторат она што треба да станат полноправна членка на ЕУ, вели Ескобар.

Тој додава дека Европа ќе добие многу голем сојузник од Македонија, со оглед на тоа што земјата е нато членка, од која се очекува да придонесе за ЕУ.