Eскобар нов претставник на САД за Балканот

Актуелниот заменик – амбасадор на Соединетите Американски Држави во Србија, Габриел Ескобар ќе го замени Метју Палмер на функцијата претставник на американскиот Стејт департмент за Западен Балкан, која ќе ја преземе на 7 септември.

Дипломатот од кариера Ескобар потврди дека ќе ја преземе новата должност од 7 септември.

– Назначувањето е официјално, и јас ќе ја преземам функцијата на 7 септември, рече Ескобар.

На својата нова позиција, Ескобар ќе биде задолжен за решавање бројни прашања на Западен Балкан, како и за дијалогот меѓу Србија и Косово.

Тој важи за одличен познавач на Балканот, а велат дека е непристрасен дипломат.

Две години, од август 2019 година, Ескобар беше заменик -амбасадор на САД во Белград, до доаѓањето на Ентони Годфри го раководеше американското дипломатско претставништво во Србија

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.