Ешли Јанг нема намера да го напушта Манчестер Јунајтед

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Ешли Јанг, истакна дека би бил среќен доколку потпише нов договор со клубот од „Олд Трафорд“. 33-годишниот фудбалер изјави дека сега се е во рацете на раководството, бидејќи тој не би имал ништо против да остане уште неколку години во тимот.

Тековниот договор на Јанг со Манчестер Јунајтед истекува летото.

Се зависи од клубот, изјави Јанг, кој во јули ќе полни 34 години.

Се чувствувам подготвен, како на 21. Ќе бидам среќен што ќе останам тука се додека сум во форма и можам да излегувам на теренот. За мене, Манчестер Јунајтед отсекогаш бил најголемиот клуб во светот и ќе остане. Ја знам неговата приказна, а исто така и момците од клубот. Станува збор за освојување трофеи и медали, рече тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.