ЕСМ овој месец не го исполнува производствениот план и увезува струја по екстремно високи цени

-Страшно е кога неспособни криминалци и импровизатори се одговорни за сериозни одлуки и процеси, ова денеска преку прес-конференција го истакна Горан Исков од ВМРО-ДПМНЕ.

„Така е во сите области со експертско – криминалната власт на СДС. А, врв на безобразието е упатувањето јавни закани од оние кои треба да си одат и да одговараат. Замислете, во 2021 година е забележан историски пад на производството на електрична енергија, а во РЕК Битола околу 50% од производството споредбено со 2011 година, годината во која било и најголемо за извештајни периоди од дванаесет години. Значи во сите овие години на нивно менаџирање РЕК работи со едвај една третина од својот капацитет. Чија одговорност е ова, на Пеце Матевски, на Васко Ковачевски, на Димитар Ковачевски или на сите заедно. РЕК Битола е во очајна состојба, токму благодарение на оваа одбрана тројка. ЕСМ овој месец не го исполнува производствениот план и увезува електрична енергија по екстремно високи цени. Тоа го овозможува оваа фантастична тројка, на огромна финансиска добивка за фирми од нивната партиска криминална дружина“, вели Исков.

Тој додава дека подолг период експертите укажуваат, дека ЕСМ е во колапс, а Владата ја доведе состојбата да има само две решенија: драстично да се покачи цената на електричната енергија за домаќинства после Нова Година или ЕСМ да оди во колапс со катастрофални последици за стопанството и населението.

-Загрижени за натамошната иднина и згрозени од нестручноста, безобразието и лошото раководење, бараме веднаш оставка од комплетното раководство на ЕСМ – односно наместо закани оставка од Васко Ковачевски и Пеце Матевски, а Димитар Ковачевски – најпознат како Таче, да им каже веднаш како се прави тоа со својот личен пример, вели Исков.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.