Еспањол бара од Ла Лига да го поништи неговото испаѓање во втората лига

108

Клубот од Еспањол, довчерашниот прволигаш од Барселона кој по речиси четири децении испадна од првата лига, во понеделникот од раководството на Ла Лига побара да го поништи неговото испаѓање оценувајќи ги како „неправедни условите во кои е завршена сезоната по карантинот кој го предизвика пандемијата на коронавирусот“.

Еспањол првенството го заврши како последен на табелата, но смета дека крајот на сезоната „без сомение беше неправеден на спортски план, бидејќи условите за играње не биле еднакви во последните натпревари кои беа играни“.

Напредувањето во првата лига и испаѓањето во втората лига во Шпанија повлекуваат големи финансиски влогови, а втората лига сезоната ја заврши проблематично имајќи предвид дека мечот меѓу Фуенлабрада и Депортиво Ла Коруња во последното коло не беше одигран бидејќи речиси сите играчи на Фуенлабрарада, која се надеваше на разигрување за пласман во првата лига, беа позитивни на коронавирусот.

Овој последен натпревар беше клучен за Депортиво Ла Коруња, бидејќи му се закануваше испаѓањето во третата лига. Беше решено тој меч да се одригра во среда, но играчите на Депортиво не се појавија во понеделникот на тестирање на коронавирусот што беше предуслов за играње на мечот. Депортиво на крајот испадна во третата лига без да го одигра тој меч, а поради победите на неговите директни конкуренти.

Еспањол така се обиде да ги искористи проблемите од втората лига и да изнуди поништување на своето испаѓање. Но Еспањол победи во само еден натпревар од 11-те колку што се одиграа по продолжувањето на сезоната и во тој период промени дури три тренера.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.