Еспањол го урна Реал, Гранада ја сопна Севилја

Во последниот натпревар од осмото коло на шпанското првенство слабата Гранада минимално со 1:0 ја совлада фаворизираната Севилја, откако претходно повратникот во Еспањол со 2:1 славеше над досега непоразениот Реал Мадрид.

Подничкиот погодок за Гранада го постигна Рубен Рочина во 25 минута на мечот и сега со шест бода излез од опасната зона и е на 17-то место со шест бодови. Севилја, пак, остана четврта со 14 бодови пропуштајќи ја можноста со планираната победа да им се придружи на водечката тројка Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад кои имаат по 17 бодови. Но Севилја има меч помалку од нив, како и од петтата Осасуна која има ист број бодови, а бод повеќе од шестиот Рајо Ваљекано на Столе Димитриевски кој во саботата со 0:1 беше поразен на гости токму кај Осасуна.

По шокантниот пораз во Лигата на шампионите на својот „Сантијаго Бернабеу“ од молдавски Шериф со 1:2, Реал уште еднаш е поразен во неделата со идентичен резултат од повратникот Еспањол.

Сензацијата беше навестена во 17 минута кога за домашните погоди Раул де Томас, а во 60 минута поранешниот играч на Барселона, Алекс Видал зголеми на 2:0. Почесниот погодок за „Кралевите“ го постигна Карим Бензема во 71 минута.

Реал поради подобрата гол-разлика остан на челното место, а Еспањол со девет бодови е 13-ти.