Естрадните милионери под лупа на даночните служби

Инспекторите на српската даночна управа проверуваат дали пејачите ја пријавиле точната заработка од новогодишниот настап, пишува српски Курир, пренесува Нетпрес.

Директорот на даночната управа во Србија Марко Маринковиќ, за српски Курир изјавил дека веќе започнале да проверуваат дали пејачите што настапувале за новогодишната ноќ во Србија платиле данок за хонорарите, кои изнесувале и до 50 000 евра.

– Даночната управа веќе почна се да проверува и да „чешла“ кој колкави приходи пријавил за настапите, вели Маринковиќ, но не открива кога резултатите на српските даночни обрзници би можеле да бидат објавени.

Инаку, првиот човек на даночната управа и пред неколку месеци, кога дојде на чело на Даночната управа, најави дека ќе ги „чешла“ имотите и приходите, посебно на оние од естрадата кои со години наназад го одбегнуваат плаќањето на даноците.

фото: kurir.rs