Етиопија прогласи вонредна состојба поради судирот меѓу војската и милицијата

Етиопската влада прогласи вонредна состојба по повеќедневните судири меѓу војската и локалната милиција Фано во регионот Амхара.

Борбите кои започнаа оваа седмица избувнаа во вториот најголем етиопски регион и брзо прераснаа во безбедносна криза. Регионалната влада на Амхара во четвртокот побара дополнителна помош од федералните власти за повторно воспоставување на редот.

Во соопштението од кабинетот на премиерот Абиј Ахмед, со коешто е прогласена вонредната состојба, не е наведено дали таа се однесува само на Амхара или на целата земја.

„Потребно е да се прогласи вонредна состојба, бидејќи стана тешко да се контрилира ситуацијата преку редовниот правен систем“, стои во соопштението.

Декларацијата ѝ дава на владата овластувања да ги забрани јавните собири, апсења без судски налози и воведување на мерката полициски час.

Локалната милиција Фано беше клучниот сојузниј на војската којашто произлезе од бунтовничките сили ЕNDF во текот на двегодишната граѓанска војна во соседниот регион Тигреј, која заврши ланскиот ноември, но односите се влошија поради обидите на федералната влада да ги ослаби регионалните паравоени групации.

Според жители на градот Гондар во Амхара, од четвртокот започнале интеизивни борби во близина на тамошниот универзитет. Војските на ENDF, според нив, прво го контролирале универзитетот, но подоцна биле потисната од борците на Фано. Милицијата се обидела да напредува до центарот на градот, но била запрена.

Припадник на милицијата Фано, под услови да остане анонимен за агенцијата Reuters, рекол дека припадниците на милицијата се обидуваат да го опколат Бахир Дар, главниот град на Амхара. Рекол и дека го заземале Мерава, град 30 километри јужно од Бахир Дар.

Од Reuters не можеле независно да ги потврдат неговите тврдења, а портопаролот на војската не одговорил веднаш на барање за коментар.

Мобилниот интернет и во петокот бил во прекин. Воздухопловната компанија „Ethiopian Airlines“ ги откажале летовите за три од четири аеродроми во Амхара каде што лета, според нејзиниот портпарол.

Насилни протести избувнаа ширум Амхара во април, откако премиерот Абиј нареди безбедносните сили од 11 етиопски региони да бидат интегрирани во федералните полиција и национална војска. Според демонстрантите, таквата баредба тебало да го ослаби регионот Амхара и да ја направи ранлива на нападите од соседните региони. Сојузната влада го негираше тоа, и вели дека целта ѝ била да осугури нацинално единство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.