Етиопиан ерлајнс: Дополнителната обука за Боинг 737 Макс можеби беше недоволна

Извршниот директор на Етиопиан Ерлајнс Теволде Гебремариам, по несреќата на атиопскиот авион во кој загинаа 157 лица, изјави дека предупредувањата и барањата за дополнителна обука за сега приземјените Боинг 737 Макс авиони, можеби биле недоволни.

Тој посочи дека по падот на авионот на Лион Ер во Индонезија во октомври минатата година, Федералната управа за воздухопловство на САД и Боинг „излегоа со содржина, која ја вклучивме во нашите работни прирачници и за тоа ги информиравме сите наши пилоти“.

– Можеби тоа не беше доволно, оценува Гебремариам.

Тој нагласи дека планираното ажурирање на Боинг на софтверот за моделите Макс мора стоотстотно да ги реши проблемите пред „авионите да се вратат во воздух“.

Причините за несреќите на авионите на Етиопијан ерлајнс и Лион Ер не се утврдени, но воздухопловните регулатори сметаат дека обете летала имале слични проблеми.