Вулканот Етна на италијанска Сицилија еруптираше во текот на ноќта и исфрлуваше вжештена лава, но немаше поголемо исфрлае пепел над медитеранскиот остров, ниту извештаи за штети.
Операциите на аеродромот Катанија на островот се одвиваа вообичаено и во саботата утрото, иако Италијанскиот институт за геофизија и вилканологија (INGV) го подигна предурпедувањето од „жолто“ на „портокалово“ ниво.
Во медиумите и на социјалните мрежи може да се видат снимки направени од дистанца со лава и парчиња исфрлени во темнината, а потоа како бавно течат низ планината,
Вулканот е посебно активен кај југоисточниот кратер, според институтот. Етна е најголемиот активен вулкан во Европа, високо околу 3.300 метри.