Етнолошка изложба „Градски вез традиционалното и европското“ во Куманово

500

Етнолошката изложба „Градски вез традиционалното и европското“ од авторките етнолози Анита Ѓорѓиеска и Милица Николовска од кумановскиот музеј, вечерва беше отворена во Уметничката Галерија Куманово.На изложбата презентирани се приближно 100-тина експонати со вез, претежно текстил кои амбиентално и во витрини се прикажани,го опфаќаат периодот од крајот на 19-тиот и почетокот на 20-тиот век

Изложбата има за цел .да се прикаже везбената декорација на текстилните предмети кои се дел од збирката на НУ Музеј Куманово, дел од предметите позајмени од градските семејства од Куманово. Тука можат да се видат везовите, техниката и орнаментиката кои се јавуваат во Куманово во овој период, кои се усвоени и донесени од Европа, изјави Анита Ѓорѓиеска, една од авторките на изложбата.

На изложбата презентирани се трите типа вез карактеристични за кумановските градски семејства, градскиот, бел, вез во боја и косовски вез изработен на ткаениците.

– Најкарактеристична е везбенната декорација, европскиот стил на декорирање на чаршавите, милјеата, но тука е и традиционалиот, како и косовскиот кој е застапен на кошулите, изјави етнологот Милица Николовска.

Темата за вечерашнава изложба е инспирирана од вештината на жената за везењето, кој се сретнува како декорација и за постелнината и облеката.Градските девојки со години биле подучувани од мајките за оваа техника, објасни Татјана Георгиевска, кустос советник од Музеј на град Скопје.

Авторките, со оваа изложба, рече, Славица Христова кустос советник етнолог од Музеј на град Скопје, докажуваат дека со креативност ја изработиле, што се покажува со изборот на предметите кои тешко се наоѓаат, мултимедијалноста на изложбата, учесници кои се облечени по градската мода од тој период кои овозожуваат атомосферата да биде автентична.

– Авторките се истакнати во својата кариера, кустоси етнолози уште еднаш преку оваа издржана изложба докажуваат дека својата кариера постепено ја развивале со својата научно-истражувачка работа, рече Христова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.