Ето му изрази поддршка на Роналдињо кој се наоѓа во парагвајски затвор

13

Камерунскиот напаѓач Самуел Ето го поддржа поранешниот соиграч во Барселона, Роналдињо, кој е во затвор во Парагвај.

– Не можам да опишам како се чувствувам. Не можам да замислам низ што минуваш. Само можам ментално да ти испратам енергија и да кажам дека многу те сакам. Се надевам дека сè ќе се реши брзо, затоа што ти си добра личност. Можеш да сметаш на мене, ќе направам се што ти треба, рече Ето во обраќањето до Роналдињо преку социјалните мрежи.

Бразилецот беше уапсен поради употреба на лажни документи, а пред два дена во затворот во Парагвај го прослави својот 40. роденден.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.