Ето побара нов договор од Абрамович

Камерунскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Самуел Ето испрати јасна порака до клупските челници дека се чуствува одлично на „Стемфорд Бриџ” и дека планира да игра уште најмалку две до три сезони. 

Брзоногиот напаѓач на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен игра, но со ваквата изјава потврди дека очекува понуда од клупските челници за продолжување на соработката за најмалку уште една сезона.

„Убаво се чуствувам во Лондон, среќен сум на “Стемфорд Бриџ”. Не е важно колку години имам. Работам со исто тампо со кое работат и Азард и Оскар. Имам поголемо искуство и тоа е добро за мојот тим. Да се постигнат 300 погодоци е нешто невидено и фантастично, но убеден сум дека можам да играм со вакво темпо уште две до три сезони. Мислам дека ќе постигнам уште многу погодоци”, изјави репрезентативецот на Камерун.