ЕУ ја чека препораката од ЕМА, AstraZeneca нуди уште 8 милиони дози

Европската унија ја очекува во петокот попладнето препораката на Европската агенција за лекови (ЕМА) за користење на вакцината на англо-шведската фармацевтска компанија „AstraZeneca“, која во меѓувреме ѝ понуди на ЕУ зголемување на испораката за осум милиони дози, а челничката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен предупреди дека договорот со компанијата содржи обврски.

Европската агенција за лекови би требало во петокот попладнето да ги објави своите препораки врз основа на кои Европската комисиај може да ја одобри употребата на вакцината на „AstraZeneca“. Во меѓувремен во Германија комисијата за одобрување вакцини објави дека не ја препорачува вакцината за постарите од 65 години. Од „AstraZeneca“ на тоа реагираше со соопштение во кое наведе дека последните испитувања ја потврдуваат ефикасноста на вакцината и кај лица повозрасни од 65 години.

Откако минатата седмица „AstraZeneca“ објави дека нема да може да го испорача количеството дози на кое се обврзала со договорот потпишан со Европската комисија, изминатите денови се водата интензивни разговори за решавње на проблемот. Европската комисија го подигна тонот и инсистира на тоа дека произведувачот на вакцината мора да ги изврши своите обврски.

Според еден функционер на ЕУ, на кого се повикува агенцијата Reuters, компанијата „AstraZeneca“ понудила да ги зголеми испораките за 8 милиони дози, но и тоа и натаму е недовлно и далеку од она што компанијата го договорила со ЕК.

Од „ АstraZeneca“ минатата седмица објавија дека поради проблеми во производството нема да може да ги испорача 80 милиони за ЕУ, колку што е предвидено за првото тримесечје, туку 31 милион дози, па со зголемувањето од осум милиони дози ЕУ би добила само половина од договорениот контингент.

Досега во ЕУ се одобрени само две вакцини против Covid-19, на американско-германскиот тандем „Pfizer/BioNtech“ и на американската „Moderna“. Поради застоите во испораките и проблемите со инфраструктурите за споменатите вакцини, во Брисел се надеваа дека вакцината на „AstraZeneca“ ќе доведе до пресврт во борбата со пандемијата. Зашто станува збор за вакцина која е многу поедноставна за складирање и транспортирање, бидејќи може да се чува во обични ладилници, додека другре две вакцини мора да се чуваат на минус 70 Целзиусови степени. Оттаму, доколку не е реши проблемот со испораките на договорените дози и овие очекувања на ЕУ ќе паднат во вода.

Договорот меѓу ЕУ и „AstraZeneca“ за вакцините против Covid-19 содржи обврзувачки делови, порача претходно во петокот, шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лејен, во настојувањата да продолжи притисокот врз компанијата за испораките.

„Ова се обврзувачки одредби и договорот е кристално јасен. AstraZeneca во договорот експлицитено одреди дека никакви други обврски нема да спречат тој да биде испочитуван“, изјави фон дер Лејен за германското радио Deutschlandfunk, додавајќи дека се јасно одредни количества за декември и првите три квартала од 2021 година.

Нејзиното тврдење е во спротивност со изјавата на извршниот директор на „AstraZeneca“, Паскал Сорио, кој во вторникот рече дека договорот со ЕУ се заснова на одредбата дека компанијата ќе даде сѐ од себе за да ги исполни своите обврски, но дека не ѝ се одредени точни временски рокови за испорака на вакцината.

Сорио рече дека ЕУ доцна, за околу три месеца, го потпишала договорот за испораките, па компанијата немала доволно време да ги реши проблемите во производството во белгиската фабрика којашто во четвртокот беше под инспекција од стручњаци од Унијата кои одземаа и документација и треба да утврдат дали навистина станува збор за проблем во производството.

Фон дер Лејен вели дека одредбата за „давањето сѐ од себе“ важела само кога не се знаеле дали „AstraZeneca“ ќе успее да ја развие вакцината во соработка со Универзитетот Оксфорд. Додаде дека договорот споменува четири места на производство, од кои две се Велика Британија.

Истакна дека ЕУ во петок сака да објави уредена верзија од договорот. Брисел од англо-шведската компанија однапред купи 300 милиони доза, доколку вакцината се покаже ефикасна и безбедна. Се очекува дека Европската комисија, сепак, ќе ја одобри вакцината во петокот попладне.