ЕУ ја стави Македонија на црвената листа, патниците ќе мора да прават тест или да одат во карантин

Членките на ЕУ денеска се согласија да отстранат неколку држави од листата на безбедни земји, што значи дека патниците ќе подлежат на построги гранични контроли, како што се тестови за коронавирус и карантин.

Македонија, Израел, Косово, Либан, Црна Гора и САД исто така се отстранети од листата на безбедни земји. Тоа има за цел да ги усогласи правилата за патување во ЕУ, иако не ги обврзува членките да ја спроведуваат својата гранична политика.

Некои земји, како што се Германија и Белгија, веќе ги означија САД со црвено и бараат тестирање и карантин, а соседните Франција и Холандија ги сметаат САД за безбедна земја.

Списокот се базира на епидемиолошката состојба во секоја земја, но реципроцитетот е исто така еден од факторите.

Просечниот дневен број на нови инфекции во САД се зголемил на 450 на милион жители од помалку од 40 во средината на јуни. Податоците за Израел, Косово и Црна Гора се уште полоши.

Сега има 17 земји на европската зелена листа, вклучувајќи ги Канада, Јапонија и Нов Зеланд.

ЕУ се уште им дозволува на повеќето вакцинирани патници да влегуваат, иако периодично може да се воведат тестови и карантин, во зависност од тоа во која земја -членка се патува.

И покрај повиците на ЕУ, Вашингтон не им дозволува на европските патници слободно да влезат во земјата. Унијата е поделена на оние на кои им пречи недостатокот на реципроцитет и оние кои се зависни од туризмот, кои не сакаат да воведат ограничувања за американските патници.