ЕУ бара објаснување за откажувањето на ЕвроПрајдот во Белград

Европската унија изрази жалење поради одложувањето или откажувањето на ткн „парада на гордоста“ којашто во септември требаше да се одржи во септември и од владата на Србија бара натамошно објаснување.

„Жалиме поради тоа што Србија најави дека ќе го откаже или одложи ЕвроПрајдор кој треба да се одржи во септември во Белград и би сакале да добиеме објаснување“, порача преку Twitter амбасадорот на ЕУ во Белград, Емануел Жиофре.

Таканаречената „поворка на гордоста“ ЕвроПрајд на ЛГБТИ здруженијата требаше да започне на 17-ти септември како повеќедневен настан. Меѓутоа, српскиот претседател Александар Вучиќ во саботата изјави дека манифестацијата ќе биде „откажана или одложена“.

Евроамбасадорот во Белград наведува и дека „внимателно ќе ја следи ситуацијата и изразува надеж дека ќе се најдат начини поворката на гордоста, сепак, да се одржи во мир и безбедност“.

„ЕУ веќе повеќе години заговара еднаквост и ја отфрла секоја форма на дискриминација. ЕуроПрајд заговара еднакви права на ЛГБТИ заедницата ширум Европа, давајќи им глас на оние коишто често се дискриминирани поради својата сексуална ориентација. За ЕУ тоа се темелни права и очекувам од нашите партнери да ги почитуваат“, заклучува амбасадорот Жиофре.

Марко Михаиловиќ, директор на манифестацијата „Поворка на гордоста“, изјави во саботата дека српската власт не може да го откаже или одложи настанот, туку дека само да се „обиде да го забрани“. Тој на Twitter порача дека ЕвроПрајд сепак ќе се одржи на 17-ти септември пред парламентот во Белград.

Во неделата илјадници луѓе, предводени од епископи на Српската православна црква протестираа во Белград протестираа против одржувањето на ЕвроПрајдот, и покрај изјавата на претседателот Вучиќ манифестацијата ќе биде или откажана или одложена.

„Спасете ги нашите деца и семејство“, гласеше на еден од транспарентите што ги носеа демонстрантите во неделата предупредувајќи дека посочената манифестација „ги загрозува традиционалните семејни вредности“ и дека „треба да биде забранета“.

Во саботата на прес-конференција претседателот Вучуќ изјави дека одржувањето на ткн „парадата на гордоста“ во Белград нема да се одржи на најавениот датум 17-ти се откажува, односно се одложува. Ова на денешната прес-конференција го соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ, кој додаде дека моменталните услови во земјата не дозволуваат такво нешто.

„Парадата на гордоста, што беше закажана за септември, ќе биде одложена или откажана, како сакате. Или како и да се вика тоа чудо, не е ни важно“, рече Вучиќ и посочи дека ЕвроПрајд не може да се одржи поради „актуелната политичка ситуација во Србија“.

„Не го велам тоа затоа што сум многу среќен, но не можеме во овој момент, кога го имаме Отворениот Балкан и кризата на Косово и Метохија“, рече Вучиќ.