ЕУ бара предлози за брегзит во септември, Лондон одбива ултиматум

Финското претседателство со Европската унија побарало во четвртокот од Обединетото Кралство до крајот на септември да испрати писмен предлог-договор за истапувањето од членството во ЕУ, за да се спречи излегување без договор, но Лондон веднаш го одби овој ултиматум.

„Официјалните писмени решенија ќе ги предадеме кога ќе бидеме подготвени, а не во неприроден рок“, регираше пред новинарите портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон.

Малку претходно во четвртокот финскиот премиер Антти Ринне, чијашто земја во втората половина од годинава претседава со Европската унија, предупреди дека Лондон до крајот на септември треба да испрати предлог за договорот.

„Според мислењето на Ринне… Обединетото Кралство мора до крајот на месецов да испрати писмент предлог“, се наведува во електронската порака која AFP ја добила од портпаролот на кабинетот на финскиот премиер.

Челниците на ЕУ во средата го повикаа Лондон „да не се преправа дека преговара“ за да се спречи грубото раздружување од ЕУ, предупредувајќи ги британските евроскептици дека на своите граѓани ќе мора да им ја „приложат сметката“.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во средата на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур предупреди дека има „опасноста од немање договор и натаму е стварна“. Но во четвортокот за британската телевизија Sky News беше оптимист и рече дека „Можеме да имаме договор“.

Антти Ринне во средата, во текот на посетата на Париз, рече дека „секој предлог“ на Обединетото Кралство треба да биде „поднесен многу скоро, доколку се сака за него да се дискутира“. „Но мораме да се подготвиме и за брегзит без договор“, додаде по разговорите со францускиот претседател Емануел Макрон.

Челниците на земјите членки на ЕУ на 17-ти и 18-ти октомври ќе се состанат во Брисел, две седмици пред даумот на кој Обединетото Кралство треба да истапи од ЕУ.