ЕУ бара Русија да дозволи американски инспекции на нејзините нуклеарни резерви

Европската унија верува дека Русија треба да ги исполни своите обврски од договорот за оружје Нов СТАРТ со САД за намалување на стратешкото офанзивно оружје и да дозволи американски инспекции предвидени со документот, се вели во соопштението на Службата за надворешни работи на ЕУ.

Руското Министерство за надворешни работи уште пред две седмици порача дека американските барања да продолжат инспекциите според договорот за контрола на нуклеарното вооружување Нов СТАРТ се цинични, во прв ред поради воената поддршка на САД на Украина во нејзината војна против Украина.

„ЕУ ја повикува Русија да ги исполни своите обврски од Договорот преку олеснување на инспекциите на Нов СТАРТ на руска територија и учество во телото за имплементација на Договорот, Билатералната консултативна комисија во временската рамка утврдена со договорот“, се вели во документот.

Минатата есен, Русија го одложи состанокот на Билатералната консултативна комисија на неодредено време. Меѓу другото, комисијата одредува датуми за претстојните контроли.

Службата за надворешна политика на ЕУ изрази жалење за одлуката на Русија да го суспендира своето учество во договорот, што, според нејзиното мислење, ја поткопува европската безбедносна рамка.

„Со зголемување на предвидливоста и взаемната доверба меѓу двете најголеми држави со нуклеарно оружје, овој Договор ја ограничува стратешката конкуренција и ја зголемува стратешката стабилност“, се вели во извештајот.

Договорот меѓу САД и Русија за мерки за натамошно намалување и ограничување на стратешкото офанзивно оружје (Нов СТАРТ) беше потпишан во 2010 година и стапи на сила на 5 февруари 2011 година.

Одлуката за суспендирање на учеството на Москва во документот беше објавена од рускиот претседател Владимир Путин во своето обраќање во вторникот. Тој нагласи дека пред да продолжи дискусијата за понатамошна работа во рамките на договорот, Русија би сакала да разјасни како арсеналот на другите нуклеарни сили на НАТО – Велика Британија и Франција – ќе се вбројуваат во договорот заедно со нуклеарниот потенцијал на САД.

За возврат, руското Министерство за надворешни работи во соопштението рече дека одлуката може да биде реверзибилна доколку Соединетите држави вложат напори да го продолжат своето целосно функционирање на договорот, откако по неговото истекување на почетокот од 2021 година Вашигнтон се колеба да потпише нов па договорот според клаузулата автоматски се продолжува на дополнителни пет години. Исто така, Русија ќе остане посветена на ограничувањата на стратешкото офанзивно оружје според договорот се додека тој е во сила.

Министерството нагласи дека Русија ќе продолжи да разменува известувања со Соединетите држави за лансирање на ICBM (интерконтинентални балистички ракети) и SLBM (балистички ракети лансирани од подморница) врз основа на соодветниот договор меѓу поранешниот Советски сојуз и Соединетите држави од 1988 година.

Според министерството, Русија внимателно ќе ги следи активностите на Соединетите држави и нивните сојузници „како во областа на стратешкото офанзивно оружје, така и во областа на меѓународната безбедност и стратешка стабилност воопшто и ќе ги анализира овие акции за можна штета на Интересите на Русија“.