ЕУ: Ципрас да не се заканува со избори во преговорите со кредиторите

Европа сфаќа дека мерките што треба да бидат спроведени по 2019 година би можеле да претставуваат тешка задача за грчката Влада, но Меѓународниот монетарен фонд инсистира сите нерешени проблеми и разлики во плановите за периодот 2019-2020 година да бидат надминати пред да ја донесе одлуката за неговото натамошно учество во каква било идна финансиска помош за Грција, изјавил неименуван висок претставник на ЕУ за МНИ.

Тој навел дека Ципрас бил „пријателски посоветуван“ да не предизвикува потреси во еврозоната со заканите дека ќе организира предвремени парламентарни избори во текот на 2017 година, кога во Европа и онака постои загриженост околу резултатите од изборите во Холандија, Франција и Германија, кои се закажани за идната година.

Некои членки на монетраната унија, пред се Германија, и натаму се многу внимателни кога е во прашање Ципрас. Пристапот чија цел е да се изнудат отстапки со закани за предвремени избори, за да се постигне подобар договор со кредиторите, е многу ризичен, оценил истиот извор, додавајќи дека таквото однесување е контрапордуктивно и дека на грчкиот премиер „би можело да му се врати како бумеранг“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.