ЕУ до крајот на годината го продолжи механизмот за контрола на извозот на вакцини против Covid-19

32

Европската унија го продолжи до крајот на годината механизмот за контрола и евентруално ограничување на извозот на вакцините против Covid-19 од Унијата, во пресрет на истекување на рокот на последниот ден од сепрември, рекол за Reuters европски функционер во средата.

Европската комисија претходно седмицава објави дека предложила такво продолжуивање, но одлуката иницијално не ја поддржале сите влади на земјите членки на ЕУ, бидејќи кампањата за вакцинирање кај нив брзо напредува а не постои недостиг од вакцини, како што беше случајот во првата половина од годината кога имаше голема криза и доцнење на процесот на масовната имунизација.

Меѓутоа, несигурноста околу потребата да се обезбедат дополнителните ткн „бустер“ дози во периодот на ширење на новите позаразни варијанти на коронавирусот ги убедиле владите дека треба да остават одредена контрола на извозот, додал неименуваниот функционер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.